Основните и средните училишта во северниот, западниот и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и денеска, втор ден по ред се затворени поради невремето „Филипос” што донесе снег во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката е на префектот на областа Атика Јоргос Патулис по состанокот и консултациите со градоначалниците на општините, а согласно прогнозите на метеоролозите.
Паралелно од синоќа во сила е мерката за забрана за сообраќај на тешки возила по 22 часот на еден дел од автопатот од Атина кон Ламија.
Невремето „Филипос“ донесе ниски температури и снег во цела Грција.