Нова аудио снимка се појави на „ЈуТјуб“ каналот „Раце Лепливи“, пренесува скопски Курир.
Аудио бомбата опфаќа разговор на Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев, продолжува Курир.
Разговорот објавен на „ЈуТјуб“ го почнува Зоран Милески кој му кажува на тајкунот Давидовиќ Дака да одат кај Зоран Заев и дека има организирано се. Подоцна се дознава дека Дака и Заев имале директни средби, но и дека биле платени 300 илјади евра.
Зоран Милески: Јас бев кај него (Зоран Заев), ми вика знаеш за Дака, доаѓа цело време тука, се сум организирал… Со Рашкоски дали го држиш под контрола. И јас сум реков ДА! И тој ми рече добро ти го работиш ова, јас го правам ова за тебе.
Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името.
Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран за парите кои ги дал од Зоран Заев и Рашкоски бидејќи не го добил тоа што сака иако платил пари.
Бизнисменот Давидовиќ Дака вели: Ги знам тие ваши трикови, Јас вас ви дадов 300 илјади евра и 2000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.
Зоран Кичеец го моли Дака да го однесе кај Зоран Заев и Рашкоски, на што овој одбива бидејќи се чувствува изигран бидејќи не ги исполниле обврските спрема него иако платил 300 илјади евра кеш.
Мирослав Давидовиќ Дака: “Ви дадов многу пари што сакате уште, само се фолирате, ме правите будала”.
Мирослав Дака му вели на Кичеец: Заев кажа дека ова го работи заради тебе!
Кичеец му одговара потврдно и додава дека поради него Заев го примил Дака.
Од разговорот се дознава дека Заев парите примени од Мирослав Дака ги користел за инжињеринг за референдумот.
-Не сакам да одам кај Заев за да платам повторно за да го плати референдумот, вели Дака.
Разговорот завршува со тоа што Кичеец вели дека ќе отиде кај Заев за да каже тој да си продолжи со Дака: „Ќе му кажам, Зоки еве го Дака, вие терајте понатаму со Рашкоски”.
Инаку Мирослав Давидовиќ Дака е контроверзен српски тајкун врз кого беше направен атентат пред една година. Република рс пишува дека со руски пари финансирал преврат во Црна Гора.