Снимка која се појави на социјалните мрежи прикажува орангутан кој се обидува да го сопре багерот кој го уништува неговото живеалиште.
Додека работниците ги уриваат стеблата во округот Кепатанг, на западот од Борнео, еден орангутан се обидува да ја запре машината.
Видеото го снимила Меѓународната организација за спасување на животни (ИАР), а снимано било пред шест години, но дури пред неколку дена е пуштено во јавност.
Видеото предизвика многубројни реакции, а главно се во насока дека човекот е најголемо зло на планетата Земја.