Раперот Снуп Дог доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
На свеченоста беа присутни членови на неговото семејство, пријатели и соработници на раперот, а меѓу ив беше и комичарот Џими Кимел, кој изјави дека ако некој заслужува ѕвезда на патеката, тогаш тоа е Снуп Дог.
Раперот пак, откако им се заблагодари на и колегите, си се заблагодари и на себеси.
– На крајот, би сакал да си се заблагодарам на себеси, затоа што верував во себе и што работев напорно – посочи Снуп Дог, кој зад себе има 16 албуми.