Скијачкиот центар Банско влегува во историјата, како прв каде  веќе нема да се употребуваат пластични производи за еднократна употреба, соопшти денеска концесионерот на скијачкиот центар „Јулен“.

Пластичните шишиња во рестораните ќе бидат заменети со стакло, а чашите за кафе со картонски. Чиниите за јадење ќе бидат од материјал кој може да се разложи 100, а сламките и мешалките ќе бидат од бамбус.

– Сите промени се дел од еколошката стратегија на „Јулен“. Уште од 2012 година во ски зоната воведовме систем за одделно собирање на отпадот. Сега сме цврсто решени да се вклучиме во светската битка со пластиката, изјави Радослав Дурчов од „Јулен“.

Тој соопшти дека само од почетокот на годината во центарот се собрани и предадени над 1,3 тони пластичен отпад.

– Целта ни е овој штетен отпад да биде максимално намален и поради тоа ја отстрануваме пластиката од употреба, истакна Дурчов .

Посебни контејнери за собирање на отпад, со јасни ознаки, веќе се поставени во одморалиштето.

– Употребата на стаклена амбалажа ќе ги зголеми нашите трошоци, но категорични сме дека заслужува поради битката со пластиката, рече претставник на „Јулен“.