Колумнистот Јавуз Селим Демираг, кој критички пишува за претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, е во болница откако беше претепан, соопшти дневниот весник „Јеничаг“.

Весникот наведува дека нивниот колумнист Демираг е претепан со безбол палки. Тој бил нападнат од пет до шест луѓе.

Причината за нападот на Демираг се уште е непозната.

Инцидентот се случува во време на зголемени тензии поради одлуката турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и закажа повторно гласање на 23 јуни.

Партијата на правдата и развојот на Ердоган тврди дека победата во Истанбул е добиена со измама, додека опозицијата истакнува дека е евидентен притисокот на Владата врз Врховна изборна комисија