43-годишниот затвореник Стојан Зајков-Чане од бугарското Костенец ја убил мајката на своето дете во четвртокот вечерта откако двајцата имале голема кавга. Телото на 38-годишната Милена Шишкова било откриено во локва крв од нејзиниот 14-годишен син, заедно со мајката на Милена и сестра и, во петокот наутро, на неколку метри од куќата во која живееле.

Стојан избегал. Бугарските медиуми известуваат дека тој е опасен и вооружен. Стојан бил локален бандит. Пред 15 години се сретнале со Милена и почнале заеднички да живеат. Им се родило дете. Неколку пати се разделувале и одново почнувале заеднички да живеат се до последниот пат кога Стојан дефинитивно се преселил кај дедо си во една од населбите на Костенец.

Стојан Зајков-Чане

Во четвртокот Стојан дошол во куќата на Милена за да раазговараат. Следниот ден сестра и ја барала по телефон, но не успеала да ја добие. Затоа, таа, мајка и, и синот на Милена отишле да ја побараат. Влегле во куќата, но не ја нашле Милена, а малку потоа, нејизниот син видел траги од крв во една од собите. Потоа го пронашол нејзиното тело надвор.

Се смета дека е убиена внатре, а потоа извлечена надвор. Соседите, пишуваат бугарски 24 часа, тврдат дека е убиена со нож, други велат со пиштол. Полицијата веднаш започнала потрага по Стојан.

Убиената Милена

Соседите сметаат дека причина за убиството е љубомора. Стојан ја обвинил Милена дека излегува со други мажи и дека на тој начин го понижува, иако живееле разделени. Сепак, имале заеднички бизнис и тоа од една страна и натаму ги поврзувало, а од друга било причина за уште повеќе кавги.

Стојан почнал да живее со Милена откако своевремено излегол од затвор. Тогаш решил да заработува чесно, па двајцата основале погребална агенција, а Стојан изработувал споменици во гаражата од куќата каде ја убил Милена. Таа била и фризерка, па имала и фризерски салон во Костенец.