Скандалозно избран нов претседател на Лекарската комора. Досегашната претседателка Калина Гривчева Старделова, за е повторно избрана. Зад затворени врати се водеше гласањето без дозволен пристап на набљудувачи и камери, објави ТВ АЛФА
Откако процесот на гласање заврши, само го соопштија името на Старделова без дополнителни детали за дискусијата. Она што јавноста до сега го знаеше е дека таа секако ќе влезе во трката, но до последен момент не се знаеше името на противкандидатот Емилија Велкова. Поранешната претседателка на комората Ленче Нелоска реагира дека ова се досега најнерегуларните избори.
Овие избори во лекарска комора се најнетранспарентните и најнерегуларните избори одкако постои лекарската комора. Централната изборна комисија не дозволи присуство на делегати, предложен од едната од кандидатките да присуствува на броењето, се затвори вратата, се стави обезбедување пред врата и излегоа со резултати по кои што старата претседателка е повторно нова претседателка, изјави Нелоска.
На гласањето Старделова победи со 51 глас наспроти 24 гласа за нејзината противкандидатка. Таа им се заблагодари што е повторно избрана.