Истрагата за пожарот во Кочани се одвива интензивно, секојднево се сослушуваат нови сведоци и досега од најавените 300 сослушани се околу 30-тина лица, информираат од Обвинителството.
Според неофицијалните информации до кои дојде Канал 5 меѓу нив се и актуелните директори на Пазарниот инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување Влатко Стојкоски и Џеват Селами, но од обвинителството не откриваат детали за да не се загрози истрагата. За десетина дена истекува и одредениот 30-дневен притвор на дел од осомничените за пожарот во Кочани, а Кривичниот суд во Кочани веќе постапува по добиени жалби за дел од притворите.
„Во тек е е истражна постапка. Се постапува по изјавени жалби на одлуки на судии на претходна постапка и тоа е во моментов што можам да ви го дадам како изјава“- Спиро Борисов, претседател на Основен суд Кочани.
Со истрагата за пожарот во Кочани во моментот опфатени се 33 лица. Дел од нив се во ефективен, дел од домашен притвор. Меѓу нив се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, сопственикот на локалот Дејан Јованов Деко, седум началници од командири од Штип и Кочани. Најголем дел од нив се сомичат за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност.