Ливерпул досега секогаш успева да стигне до завршниот натпревар во европските купови кога бил предводен од Јирген Клоп.
„Црвените“ од Енфилд синоќа се изборија за финале во Лигата на шампионите, откако ја елиминираа Барселона по победата во реваншот со 4:0.
Предводени од 51-годишнито германски тренер Ливерпул нема изгубено ниту еден двомеч во евро-куповите.
Во првата сезона, Клоп, го однесе тимот од „Енфилд“ до финалето на Лига Европа каде загуби од Севиља со 3:1.
Следната сезона тие не играа на европски натпревари.
Минатата (2017/18) сезона Ливерпул се пласира во финалето од ЛШ во кое беше поразен од Реал Мадрид со 3:1.