Македонците ќе му плаќаат на Рим половина од својот данок што досега го плаќаа на својот цар. Секоја година населението ќе се собира во определен град и ќе си избира судии и управници според старите македонски обичаи, се вели меѓудругото во прогласот на генералот на римските легии Емилиј Павел упатен до Макединците по поразот на македонскиот крал Персеј во битката кај Хераклеја.
– Македонците беа наполно здрав народ. Тие не беа тренирани како грчките атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа и многу лоши навики, останати од дамнешните времиња, како што беше неумереното пиење, со што, во очите на Грците беа вистински варвари. Меѓутоа, антагонизмот беше реципрочен, бидејќи Македонците беа израснати во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Хелените, пишува германскиот историчар Улрих Вилкен
Според историски записи зачувани до денес, во 168 п.н.е, на 22 јуни, римската војска под команда на генералот Луциј Емилиј Павел со измама успеала да ја добие последната решавачка битка против Македонците кај Пидна. Генералот на римските легии со својата војска се пробил низ полето меѓу Хераклеја и Либертрум, а потоа полека му се доближил на Персеј од зад грб, изненадувајќи ја македонската војска. Притисната од римската пешадија и слонови, македонската фаланга единствениот спас го гледала со повлекување кон брегот, иако морето веќе го контролирале Римјаните. По завршувањето на битката, генералот на римските легии го издал следниот мошне илустративен и важен проглас:
„Македонците ќе останат слободни и целосни господари на своите градови, но Македонија ќе биде под покровителство на Римјаните. Македонците ќе му плаќаат на Рим половина од својот данок што досега го плаќаа на својот цар. Секоја година населението ќе се собира во определен град и ќе си избира судии и управници според старите македонски обичаи“.
Секој што барем малку е реален веднаш може да забележи дека Римјаните мошне добро знаеле со кого војуваат, односно дека не војувале со никакви Елини или Грци туку со Македонци, кои, како што се вели во прогласот, ќе останат „слободни и целосни господари на своите градови“.
Во втората реченица веќе е јасно дека генералот Павел Емилијан, а преку него и императорот во Рим, мошне добро знаел со кого војува, дека војува со етнички Македонци а не со Грци, поробувајќи ги Македонците а не Грците, кои ќе плаќаат данок како што плаќале на „својот македонски цар“. Подоцна Римјаните воопшто не го почитувале тоа што го ветиле во прогласот, однесувајќи се мошне сурово кон Македонците, па затоа Македонците често се бунтувале против римската окупација.
По Македонците, востанаа и Тракијците!
Значи, Римјаните добро знаеле со кого и против кого војувале, всушност која и чија земја окупирале, а постојат и многу сведоштва кои го потврдуваат постоењето на Македонците под римска окупација. Постојат голем број пишани сведоштва и документи, како што е, на пример, тврдењето на риммскиот историчар од вториот век Анри Флок, кој пишувајќи за востанијата на Тракијците против Римјаните, кои траеле до првиот век, меѓудругото го спомнува и големо востание на Македонците во тоа време:
„По Македонците, според Божјата волја, востанаа и Тракијците, кои порано им плаќаа данок на Македонците.“
Според истражувачите на овој дел од македонската историја, сведоштвото на Флок е сосема јасен факт дека терминот „Македонци“ е употребен во етничка смисла на зборот, затоа ашто Тракијците не можеле да бидат окупирани од некаков географски туку само од конкретен, антички народ, односно од античките Македонци. Токму нив, на Македонците, на македонскиот народ, односно на нивната држава, Тракијците им плаќале данок, како што по окупацијата Римјаните барале Македоцнте да му плаќаат данок на Рим.
По поразот на војската на Персеј, македонскиот крал бил заробен од Римјаните, а само неколку недели подоцна, огромна толпа луѓе се насобрала покрај Виа Сакра во Рим, но не само за да ја проследи триумфалната процесија на генералот Луциј Емилијан Павел, туку и за да го види Персеј, неговите тројца синови и остатокот од македонската воена сила:
„Никогаш порано и никаде не се собрала толкава толпа, за било каков спектакл… затоа што Персеј бил причината и центарот на војната, но не само поради сопствена слава и таа на татко му, неговиот дедо, и другите со кои бил крвно и расно поврзан. Сето тоа го направило интересна личност за јавноста. Славата на Филип и Александар Велики, кои го претвориле македонското кралство во најголемата империјалистичка сила на планетата, се разлевала над него“.
Плутарх ја опишува процесијата во Рим, со победоносната двоколка на Павел на чело, како што наложувал римскиот обичај при победничките паради, а зад него поразениот македонски крал Персеј. По завршувањето на победничкиот марш, Персеј и неговите деца биле протерани во еден мал град наречен Алба Фуценс, каде македонскиот крал починал две години подоцна:
Две од неговите три деца, исто така починале, но третото, Александар, се вели дека станал експерт за ковење метали. Тој исто така научил да го пишува и зборува латинскиот јазик, па работел како секретар за магистратите судии во чии канцеларии се докажал како доста елегантен во својата вештина.“ Во својата биографија за римскиот војсководител Павел Емилијан, Плутарх пишува дека откако римскиот војсководец го поразил македонскиот крал Персеј „ги ослободил и Грците од македонскиот јарем“.
Според тоа, Плутарх прецизно ги споменува Грците, а не Атињаните, Тебанците и други одделно од Македонците. Притоа треба да се знае дека Грците и воено им помагале на Римјаните за да ја освојат Македонија, но и македонското кралство на Селевкидите. Ова јасно го посочува и историчарот Адкок (Adcock) во својата книга: „Грците и Македонците – Уметноста на војната“.
Пишувајќи за навлегувањата на Римската империја на Балканот, констатира: „Не треба да се заборави дека во своите судири со Македонија и со Сирија на Селевкидите, Рим бил помогнат од грчки единици на чело со команданти Грци.“
За Македонците и Грците како одделни народипишува и древниот грчки историчар од преминот меѓу првиот и втиориот век по Христа, Диодор Сицилијанецот. Македонците и Грците како одделни народи во своите дела на неколку места ги споменува и древниот еврејски историчар Јосиф Флавиј.
Д-р Борза: Ниту еден Грк не ги сметал Македонците и македонската владеачка династија за „грчка“!
Во врска со сето ова д-р Јуџин Борза во својата капитална книга „Црната Атина“ меѓудругото констатира дека грчките историчари „Херодот и Тукидид ги пишуваат Македонците како странци, како посебен народ кој живее надвор од границите на грчките градови-држави.“
Притоа, како што вели Борза,„Македонците… себеси не се сметале како грчко племе, ниту како каков било друг балкански народ, туку само како Македонци. Ова го знаеле сите странски протагонисти – од времето на Дарие и Ксеркс, до времето на римските генерали.“
Во тој контекст проф. д-р Јуџин Н. Борза потсетува и дека тогашните Грци многу добро знаеле до каде живеат нивните сонародници и дека ниту еден Грк тогаш не ги сметал Македонците и Македонската владеачка династија за „грчка“.Затоа големиот атински говорник Демостен во своето дело „Филипики“ за Филип Втори Македонски ја дал следната изјава:
„Филип, тој човек, не само што не е Грк, туку и нема ништо заедничко со Грците. Барем да беше барбарин од некоја пристојна земја – но тој не е ни тоа. Тој е некакво шугаво суштество од Македонија – земјата од која не можеш да доведеш ниту роб што барем нешто вреди.“
Значи, еден од најголемите Грци во тоа време оставил за сите времиња, додуша со одвратна омраза во тоа што гио напишал, фундаментално сведоштво за разликите меѓу Македонците и Грците. Дека Македонците никогаш не биле Грци се гледа и од фактот што речиси сите грчки градови со голема радост ја примиле веста за смртта на Филип II, очекувајќи дека поради неопитноста на неговиот млад син Александар брзо ќе се ослободат од македонското ропство.
Подоцна Александар Македонски војувал против голем број Грци уште во првата посериозна битка против Персија кај реката Граник, заробувајќи околу 2000 Грци, кои се бореле на страната на Персија. Затоа во елитните единици на Македонската војска, односно во познатата Македонска фаланга, никогаш ниту еден Грк не бил заповедник. Во походите на Александар кон исток многу грчки градови жестоко се бореле против Македонците. Кога Македонците би биле Грци, грчките градови и население, кои биле поробени од Персија, не би пружале таков жесток отпор туку би ги пречекале своите „браќа“ со раширени раце.
Всушност, Грците би требало да се радуваат на „ослободувањето“ зашто ги ослободува, нели, „нивна“, македонска, односно грчка војска. Парадоксално е тоа што Грците од овие градови на исток ги мразеле Македонците повеќе и од својот вековен непријател Персија! Значи, сакале да останат под персиска власт, само да не бидат под власта на Македонците.
Во битката кај Ис против Александар, на страната на Персија, се бореле триесет илјади Грци, односно неколку големи елитни единици под персиска команда. Според грчкиот историчар Аријан, по победата на Александар дел од грчките војници во персиската војска биле заробени, а околу 8.000 побегнале во планините:
„Судирот беше ужасно жесток поради старото расно ривалство меѓу Грците и Македонците“, пишува Аријан.
И во битката кај Гавгамела против македонската војска на страната на Персијанците учествувале илјадници Грци.
Затоа, имајќи го предвид сето ова, Александар Донски, историчар од Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со право со прашува каква е таа „грчка војска“ која се борела против илјадници Грци припадници на персиската војска? И зошто Грците се бореле на страната на Персија, доколку војската на Александар навистина била „грчка“?
Според него, добро се знаат вековните непријателства меѓу Персијанците и Грците, па оттаму нема никаква логика десетици илјади Грци да се борат на страната на Персија против „сопствената“ војска.
Познатиот германски историчар Улрих Вилкен во врска со етничките разлики помеѓу древните Македонци и Грците, во своето познато историско дело „Александар Македонски“ меѓудругото запишал:
„Македонците беа наполно здрав народ.Тие не беа тренирани како грчките атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа и многу лоши навики,останати од дамнешните времиња, како што беше неумереното пиење, со што, во очите на Грците беа вистински варвари. Меѓутоа, антагонизмот беше реципрочен, бидејќи Македонците беа израснати во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Хелените.“
Сепак, и покрај сите докази за разликите меѓу Македонците и Грците, грчките историчари се уште се обидуваат да ги бранат ставовите на германската пропаганда од 19 век, кога всушност ја создадоа грчката национална свест преку програмата на делегираниот крал донесен во Грција со согласност на Франција, Русија и Велика Британија, за наводното „грчко“ потекло на древните Македонци. Причината за ова е сосема јасна – заштита на грчките квазинационални интереси во однос на делот од Македонија што тие денес го држат под своја власт.
Официјална Грција смета дека секој доказ дека древна Македонија не била грчка ќе го доведе во прашање нивното „право на сопственост“ врз делот од Македонија што е под нивна окупација. Затоа секојдневно, како леб со адитиви, од јужите националистички фурни излегуваат голем број статии, книги и пропаганден материјал со кои по секоја цена сака да се докаже дека древните Македонци биле Грци, иако, како што вели Урлих Вилкен, Македонците се горда и самосвесна нација која отсекогаш со презир гледала на Хелените.