Милан Врабевски, финансиерот на т.н.бугарски културни клубови низ Македонија, во гостувањето на БНТ рече дека е потребно да се отворат многу повеќе такви за да „ја променат свеста на Македонците“.

– За бугарските клубови во Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, отварање на уште 20 клубови и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред сѐ вистина. Таа ќе ве ослободи, изјави финансиерот кој во јавноста е претставен како филантроп.

Тој во стдуиото ја нарече Македонија – територија „украдена од Бугарија“ и го критикуваше „југословенскиот модел“. Според контроверзниот Врабевски, на луѓето во Македонија „им се испрани“ мозоците.

-Една територија украдена со многу крв, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин. Од југословенскиот модел нема полош и погрд на светот, рече Врабевски во разговорот.