Неколку илјади лица се собраа денеска на плоштадот Александерплац во Берлин од каде побараа легализација на канабисот,  јави ДПА.

Организаторите соопштија дека на собирот присуствувале околу 4.000 лица, што, според нив, претставува досега најголем протест со барање за легализација на употребата на канабисот за медицински и рекреативни цели.

Главно внимание на собирот привлекуваше возилото врз кое беше поставен џиновски модел на „џоинт“, на кој беа закачени транспаренти со кои се посочуваа придобивките што би ги имала германската Влада од наплата на данок за продажба на марихуаната, доколку таа биде легализирана.

Германската полиција соопшти дека собирот минал без инциденти.