Собранието на Република Македонија поради остуство на министерот за надворешни работи Никола Димитров, наместо денеска, утре ќе расправа по точката за негова интерпелација, соопшти претседателот на Парламентот Талат Џафери.
Интерпелацијата на Димитров е поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а беше ставена на дневен ред на денешната 81. седница.
Седницата на Собранието е во тек. Попладнево пратениците поддржаа измени и дополнувања на повеќе одлуки: за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, за именување членови на Националниот совет за евроинтеграции, за разрешување на заменик на генераланиот секретар на Парламентот и др.