Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за култура и за одбрана и безбедност.

Комисијата за здравство ќе одржи јавна расправа за Предлог законот за прекинување на бременоста.

Пред членовите на Комисијата за култура се две точки на дневниот ред – Предлог-одлука за одржување надзорна расправа за начинот на носење на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на Програмата за 2018 година и Формирање интеркомисиска работна група согласно точка 8 од Заклучоците од надзорната расправа на Комисијата за култура за Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната законска регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО.

Комисијата за одбрана и безбедност треба да ги разгледа предлог-законите за: Агенција за национална безбедност, за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, за изменување на Законот за следење на комуникациите, измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за странци, сите во прво читање.