Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот заради мерка притвор на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој доби политички азил во Унгарија.
На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.
Одлуките за барањата за одобрувања на мерката притвор ќе бидат испратени до претседателот на Собранието кој треба да закаже пленарна седница.
Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.