Собранието денеска треба да ја почне 126. пленарна седница на која на дневен ред, меѓудругите, се и Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите и измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2023 година, по скратена постапка.
За 13:00 часот е закажано продолжение на 120. седница, на која се очекува пратениците да гласаат за закони за коишто е веќе завршена расправата.
На предложениот дневен ред се законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупцијата и на Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за изменување на Спогодбата од 14 април 2000 година помеѓу македонската Влада и швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал.
Пратениците треба да одлучуваат и за Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, за одлуката за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, како и за Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, Предлог на закон за адвокатурата, Предлог на закон за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, сите во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка. На оваа седница се и неколку автентични толкувања.
Во рамки на продолжението на 120. седница закажана за 13.00 часот се очекува да е гласа за закони за кои е завршена општата расправа. Меѓудругите, на дневен ред на оваа седница се и Предлог на закон за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, трите по скратена постапка.