Собранието денеска ќе ја започне четвртата седница на која на дневен ред засега е само една точка.
Пратениците ќе го разгледаат Годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2023 година.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја одржи втората седница.
На дневен ред се утврдување Предлог – одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието,
Разгледување на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија и за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешни пратеници, како и барање за плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители.