Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

На листата за пратенички прашања до која дојде порталот Курир, јасно може да се види дека иако премиерот и министрите им се речиси цел ден на располагање, пратениците на СДСМ ќе им постават само 5 прашања.

За поставување на пратеничко прашање се јавиле: Горан Мисовски, Славјанка Петровска, Фатмир Битиќи, Љупчо Николовски и Даниела Николова од СДСМ.

Од Левица ќе бидат поставени само две прашања, од пратениците Реџеп Исмаил и Јована Мојсоска.

Европскиот фронт, пак, пријавил исто така само две пратенички прашања, а нив ќе ги постават Блерим Беџети и Рина Хајдари.

Ова значи дека само 9 прашања има цела опозиција!