Со 47 гласа против СДС и ДУИ го одбија Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, поднесен од Левица на барање на родителите на децата со попреченост, со кој требаше посебниот додаток од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло повеќе, соопшти пратеникот Борислав Крмов.
Со предложените законски измени се предлагаше зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост од 100 отсто, кој според тековниот закон изнесува 5.021 денари, како едно од барањата на родителите. Овие граѓани со години бараат остварување на своите права низ институциите на системот, кои за нив остануваат недостапни и индиферентни, како резултат на општата дегенерација на социјалната држава, која наменски низ годините се ништи.