Пратениците на СДСМ и ДУИ гласаа против Декларацијата за Гоце Делчев соопшти претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски.
Милошоски објави дека пратениците од власта гласале против декларацијата за Гоце Делчев која беше ставена на дневен ред на денешната комисија за надворешна политика.
– На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена, објави Милошоски на неговиот профил на Фејсбук.
Тој во прилог ја објавува Декларацијата.