Иако беше најавено дека македонското Собрание 75.седница за уставните амандмани ќе ја продолжи во 15:00 часот, со два часа задоцнување од првично најавениот термин, таа се уште не е започната.

На дневен ред се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Во експозето вчера пред пратенците премиерот Зоран Заев во врска со последната фаза од уставните измени, побара позитивна одлука, која ја нарече историска и можност за подобар живот за сите граѓани на Република Македонија.