Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на Конференцијата „Поддршка на парламентарната демократија ширум светот: Градење на демократска отпорност “ во организација на Европскиот парламент и Групата за поддршка на демократијата и Координација на изборите (ДЕГ).
Конференцијата ќе се одржи во Европскиот парламент во Брисел. Таа е и во знак на одбележување на 10-годишнината од поддршка на демократијата ширум светот.
-Претседателот Џафери ќе биде воведничар на две сесии, односно на воведната сесија на тема „Десет години ЕП ја поддржува демократијата ширум светот – што постигнавме и што научивме?“ на 29 ноември 2022 година и на втората работна сесија на тема „Креирање парламентарна демократска култура преку дијалог и градење консензус“, на 30 ноември 2022 година, информираат од неговиот кабинет.
Оттаму додаваат дека на маргините на Конференцијата, Џафери ќе одржи билатерални средби со повеќе европратеници, меѓу кои и пратениците Ќучук, Валсман и Шидер кои се активно вклучени во Жан Моне Дијалогот на Собранието и Европскиот Парламент.