Собранискиот спикер Талат Џафери од денеска престојува во дводневна официјална посета на Австрија, во тек на која ќе има средба со неговиот домаќин, претседателот на австрискиот Национален совет Волфанг Соботка, информира собраниската прес-служба.
Џафери е придружуван од генералниот секретар на Собрание Цветанка Иванова и пратениците и членови на Групата за соработка со Австрија Реџаил Исмаили и Мери Лазарова.
Според агендата, покрај со Соботка се предвидува делегацијата да оствари средба и со потпретседателот на Сојузниот совет Магнус Брунер, со членовите на билатералната парламентарна група Австрија – Македонија и претседателката Штефани Криспер и членовите на Комисијата за надворешно-политички работи со претседателот Андреас Шидер.