Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, Никола Мицевски на денешната седница во Собранието на Република Македонија, посочи дека на седницата на која што има 15 точки, 10 се со европско знаменце, а 5 се по скратена постапка.
Очигледно повторно продолжуваме со начинот на кој што сте научени да работите, во неколку наврати алармирав за злоупотребата на скратената постапка и за злоупотребата на европското знаменце, појасни Мицевски.
-Ако во еден период се повикувавте на итноста на одредени закони сметам дека на денешнава седница на која што има 15 точки, 10 точки со европско знаменце, а 5 точки се по скратена постапка. Можеби не за овој закон кој што го образложи министерот за внатрешни работи, меѓутоа колеги пратеници, претставници од владата, господине Џафери ќе ве замолам доколку навистина сакате транспарентност во работата овие скратени постапки да ги сведеме на минимум, затоа што според последниот извештај на Прибе имате забелешка за скратените постапки.