Бугарската „Фондација Македонија“ откако ќе влезе во македонскиот фудбал, планира да инвестира и во пет нови медиуми во Македонија.
Првиот човек на фондацијата, Виктор Стојанов за А1он открива дека со помош на донации од активисти во организацијата собрале средства за да отворат пет македонски онлајн медиуми во Македонија кои според него ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи.
Бугарската фондација планира да отвори и ТВ-студио во кое ќе се снимаат видеа, подкасти и интервјуа кои ќе се емитуваат само на интернет платформите.
– Планираме да отвориме новинарско студио во кое ќе имаме видеа, подкасти и тоа ќе оди онлајн, односно нема да биде класичен радиодифузер. Сега за сега медиумите ќе бидат дневно политички со вести од регионот. Но во блиска иднина ќе отвориме два портала за здрава храна и спортски портал, открива Стојанов за А1он.
Бугарската „Фондација Македонија“ се обиде да го купи и најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, но откако не успе најавија дека преговараат со други клубови.