СОКОЛОВ ДО АЛЕКСАНДРОВА: Имаш образ ѓон, затоа одиш низ чаршија со глава в земји!

/ 28.04.2020
Иван СОКОЛОВ

Ја слушам како говори Александрова Емилија погрдно за партијата која ја направи човек, и како демек и било мака во што се претворила ВМРО ДПМНЕ. Прво, не може да ти биде мака затоа што и никогаш не си била ВМРО, да беше немаше да ја изневериш довербата, да гласаш за промена на името и да ја изневериш партијата која ти даде тебе, и на целото твое семејство леб и перспектива.

Но наместо морал, докажа дека имаш образ ѓон. Второ, наместо со крената глава денес ти одиш со главата во земја низ беровската чаршија, ама важно му учини на братучедот Мијалков кој покажа дека е најлојален на власта. А тој пак јаден, не може да излезе од скутот на Заевци. Неговата слобода има цена, ама нашата љубов во ВМРО кон Македонија е бесценета. И она што го говориш денес за повторно состанување на собранието е само за да се продолжат твоите привилегии кои незаслужено ги ползуваш на грбот на оние кои те гласале а ти им поплука во лице.

Во однос на квалификациите за кукавичко гнездо, па има ли поголемо од вашата дружина кои реагирате на дугме на Зоран Заев, и сте маша на Вице Заев, а за што? За бедни жолтици, бедни вработувања, и минимални привилегии. Незнаете ниту текстот да го причитате кој од власта ќе ви го дадат. Вашата кукавичката дружина која е маша на Заев е жив срам, но и доказ колку ниско може власта да падне. За среќа вашиот крај брзо доаѓа, исто како и на Заев.

Фејсбук статус на Иван Соколов од ВМРО-ДПМНЕ.


Од истата категорија