Грчката полиција во камион со бугарски регистарски таблички откри 59 илегални мигранти.
Полицијата го запрела камионот за рутинска проверка на околу 30 километри источно од Солун, при што во неговиот заден дел ги открила мигрантите, сокриени зад материјали за изолација.
Половина од мигрантите биле од Сомалија, а останатите од Авганистан, Бангладеш, Египет, Еритреја, Ирак, Судан и палестинските територии.
Мигрантите на полицајците им изјавиле дека за транспортот од Турција со брод до Грција, а потоа и за превозот со камионот до некоја западноевропска земја, платиле по 1.500 евра секој.
Полицијата го уапсила возачот на камионот, 61-годишен бугарски државјанин.