Два нови протеста против Договорот со Македонија и за „грчкиот карактер на Македонија“, ќе се одржат вечер во Солун, според солунските медиуми.
Едниот е закажан за 19 часот по локално време, пред министерството за Македонија и Тракија во Солун, а другиот еден час подоцна и ќе има карактер на протест со мотори.
Според локалните медиуми, двата протеста се организирани по повик на социјалните мрежи.
Како што јави дописничката на МИА од Грција, паралелно, антифашистички и антинационалистички собир закажаа анархистички организации од Солун.
Тие го повикуваат народот да им се придлужи во блокадите против национализмот и фашизмот како одговор на протестот што ќе се одржи пред Министерството за Македонија и Тракија.