Со мали инциденти, пред канцелариите на Независни Грци (АНЕЛ), синоќа заврши протестот во Солун, против договорот меѓу Македонија и Грција, јавија локалните медиуми. Преку социјалните мрежи, група под името „Обединети Македонци“ која го организираше протестот и ги повика граѓаните да учествуваат без партиски обележја, само со грчките знамиња. Протестот започна од Белата кула (Беаскуле) во центарот на Солун, а продолжи низ улиците, додека насобраните граѓани извикуваа слогани против владата, но и дека Македонија е грчка.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во изјава за грчката новинска агенција АНА – МПА еден од петтемина организатори вели дека го исполниле нивното демократски право, отворено да го изразат нивното несогласување за договорот од Преспа.

– Нашата цел беше да се слушне гласно дека Солун не се согласува со конкретниот договор, вели Димитрис Зиабазис, еден од организаторите, за АНА-МПА.

Инаку, според едно испитување на јавното мислење, дури 86 проценти од населението во северна Грција е против преспанскиот договор.