Павел ШАТЕВ
…Во 1898/90 учебна година во Солун од Софија дојде Славчо Мерџанов. Тој порано бнл во Женева, каде го издавал весникот „Отмъшение” („Одмазда”). Тој агитираше да не насочи на терористичка борба, без да бидеме против комитетот. Негова идеја беше да се создадат професионални револуционери, што ќе се занимаваат само со тоа, а не да си гледаат друга работа, па покрај тоа и ослободителното дело. Мерцанов остана во Солун 3-4 месеци. Освен мене со него се зближнја и моите другари Ордан поп Орданов, Константин Кирков и Тодор Богданов, сите родум од Велес.
Мерџанов имаше за цел да се изнајдат срсдства; па за таква цел Богданов и Кирков се согласија да се прикажат како киднапирани од бугарски комити – и тоа се стори и со согласност на Гоце Делчев. Татко му на Кирков беше трговец во Велес. Тој имал некакви имоти во Софија, во Курубаглар, па ги продаде и даде откуп 250 лири. Во Софија парите му беа избројани на рака на Гоце Делчев. Мерџанов исто така имаше за цел уште, кога ќе прибере поголема пара, да преземе некоја сериозна акција, во која да земат учество и другариве што ги споменав. Ордан поп Орданов ја напушти гимназијата во 6. клас и сите – Кирков, Богданов и Орданов – се собравме во Софија. Јас тогаш не бев толку замешан во тие нивни планови и работи. Останав да ја довршам гимназијата, но беше договорено, ако се отвори акција, и јас да земам учество. Мерџанов ни беше испратил револуционерна литература – „Подземна Русија” од Степњак и др. Ние сакавме да ги имитираме руските нихилисти. Мерџанов беше обземен од идејата дека треба да се дејствува терористички по примерот на руските револуционери. Тој беше либерален човек, со крајно либерални убедувања, но не беше социјалист, туку просто беше националист. Тој со Герџиков и Манџуков во Женева се беа инспирирале од револуционерните идеи во тамошните кругови, и Мерџанов и неговите другари дојдоа во учебната 1898-9 година. Во 1899/900 година тие беа во Софија. Сарафов го беше презел во свои раце Врховниот комитет, и тие намислија да преземат самостојна акција, па одат во Цариград. Прв отиде Слаачо Мерџанов, под име Васил Стојанов, и по него н Петар Манџуков, под име Илија Дуров. Во 1897/8 година тие и двајцата беа со четата на Гоце Делчев на Пирин, талкаа со комитите и се беа вратиле, па затоа беа во илегалство и имаа псевдоними. Тие отидоа во Цариград во време на рамазанот во 1899 г..
Нивна цел во Цариград беше да ископаат тунел под Отоманската банка и под зградата за контрола на тутуните. Не започнале додека не стасал Соколов. И тој беше во Гоцевата чета. Соколов и Манџуков беа тројца пријатели. Соколов беше човек на извршување, а Славчо – да планира. Стасува Соколов, земаат под наем една куќа во близина на банката – на јужниот дел од банчината зграда, и земаат под наем една мала куќа на три ката, и се зафаќаат со работа. Куќата веќе била земена под наем божем за складирање на книги од печатницата на Нончо Стојанов, во која се печатеше весникот „Вести”. А пак магацинот им бил божем потребен за склад за хартија. Се зафатиле да копаат тројцата Манџуков, Мерџанов и Соколов. Внатре внеле два големи сандаци со книги, и два сандака со брошури: една брошура беше на руски и турски за учење на турскиот јазик, а другата содржеше молитви. Другите сандаци биле празни, за да ја клаваат во нив земјата А озгора ставале книги.
Тие беа во врска со еден од Ерменскиот комитет, на име Козаков.
Во тоа време Ордан поп Орданов оди во Солун, и таму да бара погодно место, за да направат тунел и под солунската Отоманска банка. Солунската група се состоеше од осум-деветмина Во неа влегувавме: јас, Константин Кирков, Ордан поп Орданов, Димитар Коштанов (последниов беше терорист на Централниот комитет, па се оддели од него и влезе во нашата група) Илија Трчков, Владимир Пингов, Тодор Богданов и Тодор Органџиев.
За да можеме ние од групата да се издржуваме, некое време, Кирков ги украде од тетка си низите и еден прстен, па мажот ? ги откупи од нас за 36 лири. Зедовме под наем една берберница; бербер стана Владимир Пингов. Со тие пари поминавме во текот на април, мај и јуни 1900 год. Се надевавме дека ќе добиеме пари од Мерџанов, туку Мерџанов многу пипаво ја тераше таа работа. Мерџанов побара еден од нашата група да отиде на помош, да помогне во работата во Цариград. Ние го прифативме тоа, затоа што ни одговараше да имаме таму свој човек, за да влијае на Мерџанова, да може поблаговремено да ги известува и да ни испраќа што ни треба. Се донесе решение во Цариград да отидам јас.
Сарафов му праќаше на Мерџанова колку ќе му побараше, – по 1000 до 2000 лева. За замена побаравме на моето место да дојде друг човек, за да биде во берберницата. Преку Козаков, Мерџанов доби едно Ерменче, што го викаа Кристи (псевдонимот му беше Ќосе Аристиди). И така направивме замена. Почвата во Солун беше ровкава, и тука работата можеше да заврши за два месеца, а во Цариград наидовме на карпа, па тоа бараше тешка работа во траење до 5 -6 месеци. Јас им напишав во Солун да ја прекинат таму работата, додека не се доврши работата во Цариград. Поп Орданов, Кристи и Тодор Органџиев и Пингов останаа во Солун, а другите ги пратиле во Велес да седат дома, за да не се арчат пари. Коштанова го интернираа по една афера, како бивш терорист на ЦК во Горна Џумаја.
Во тоа време ние работевме во Цариград. Се менувавме двајца по двајца – Славе и Соколов по петнаесет до дваесет дена, потем Манџуков и јас.
Отпрвин тунелот одеше препендикуларно 4 1/2 метра, беше широк до 1/2 метар, а потем тргнуваше право накај ќошето ол банката, хоризонтално. До банката имаше 14 1/2 метри. Тунелот внатре беше колку да може да седне човек крстнозе и трошка да си ја поднаведне главата. Работевме со железни длета. Беше чисто карпа, но не многу цврста. За еден ден можеше да се напредува најмногу 1 дециметар. Си осветлувавме со парафинска свеќа. Горе еден седи крај дупката со обичен мев, како кај ковачите, и преку гумена цевка ни дотура воздух. Само три минути да се престане со дувачкиот мев, свеќата згаснува и работникот не може да дише.
Се работеше само дење, а ноќе се качувавме горе на 2-иот кат за спиење. А ноќе не можеше да се удира со длетото, затоа што во тишината можеше да слушне пазачот од банката. Кога едниот спиеше, другиот остануваше буден, за да не се случи во сонот некој да зборува гласно, или да се закашла, бидејќи се знаеше оти магазата е затворена, дека таа е склад и внатре нема луѓе. Дење еден работи внатре најмногу два часа (повеќе не може да издржи), а другиот стои кај мевот, потем се заменувавме. Другите двајца одеа низ град – да примаат кореспонденција и слично.
Вода внесувавме во големи валчести шишиња (бинлаци), божем мастило. Вода внесувавме за пиење и таа стасуваше за еден месец и до месец и половина. Од таа вода само пиевме, а не се миевме, освен кога требаше да излегуваме надвор. На четири дена, во определено време доаѓаше Нанчо, синот на печатарот, божем да земе нешто од складот. Ние знаевме точно кога ќе дојде, и излегувавме еден час порано, го маскиравме влезот во тунелот со штици, и се качувавме на горниот кат, па Нанчо си влегуваше слободно, оставаше горе сирење, конзерви и слично за четири дена.
Со торба врзана на едно јаже, од дупката ги вадевме камењата, и ги полневме со нив сандаците. Јас дојдов во јули 1900 г. и работев три месеци до почетокот на септември (9-10-ти септ.), а пред мене тие беа работеле три месеца, или сe на сe шест месеци. Стасавме до самото ќоше од банката. Последниот метар од тунелот го ископавме за 3 дена. Земјата беше помека, пак и карпата беше смекната од водата што капеше од стреите. Веќе можевме да го слушнеме електричното динамо, што ја осветлуваше банката. Направивме два крака од по метар и половина, на две страни од ќошето на банката.
Оваа идеја ни ја даде Саракинов, еден офицер, кој мислеше дека така е подобро, и ни рече да ставиме по 50 килограми динамит. Саракинов беше дојден со еден список за учители, што да ? се наметнат на егзархијата. Ни ветија да ни дадат динамит уште во месец јули од Козаков, што беше љубезен и да ни го достави во Цариград. Динамнтот пристигнал, и Козаков испратил еден Турчин и еден Ерменец, да го изнесат од паробродот со два куфера. Како што го носеле, бидејќи бил многу тежок за двајцата, турската полииија ги запрела, го фатила динамитот, и Козаков, што го покажале амалите, беше уапсен, но потем како руски поданик беше испратен во Сибир.
За нас не се разоткри ништо. Козаков ништо не искажа. – Мораше да бараме нов динамит. Во тоа време го убија кралот Умберто во Италија, и по тој повод полицијата се размрда. Ние се сокривме. Имаше еден шпион, Бугарин, по име Ганчев, родум од Русе. Тој не знаеше многу за нас, само онака се посомневал, та нe поткажал и нe уапсија. Само на Мерџанов му најдоа едно шифрирано писмо од Матов. Тоа писмо Мерџанов го оставил во кожата од корицата на еден француско-бугарски речник. Полицијата го најде. Мерџанов дури не можеше ни да го прочита; а јас го познав по ракописот од Матов. Мерџанов дури не ја ни знаеше содржината. Го измачуваа Мерџанова, туку ништо. Нe уапсија на 14 септември, а во крајот на октомври нe ослободија. Преку Радославов, Сарафов го молел кнезот, и кнезот преку Мелхаме побарал да не ослободат. Никој друг не ни помислил дека ние правиме нешто друго, освен обична комитаџиска работа. Писмото на Матов се однесуваше за оние учители, што требаше да ? се наметнат на егзархијата. Кога нe ослободија, за буг. дипломатски агент дојде С. Гешев. Ни кажа дека благодарејќи на неговото неколкукратно интервенирање кај великиот везир, сега сме слободни. Другпат – ни рече – не впуштајте се во таква работа, затоа што ќе ги расипете добрите односи меѓу Турција и Бугарија. За тројцата мои другари, бугарски поданици (Соколов, беше со вистинското име), рече да дојдат во претставништвото утредента, а за мене се рече дека ќе бидам заточен во својот роден град Кратово. И така стана. Моите другари се вратија во Софија, и го известиле Сарафов како стои работата. Ние веќе не можевме да се вратиме. Во согласност со Мерџанов и Соколов, Сарафов заповеда: Кипров да отиде во Цариград, и таму да го зачека уште Димитар Коштанов, што беше интерниран во Горна Џумаја. Планот беше овој да помине со мајка си во Бугарија, па оттаму да дојде во Солун, па тој да ја продолжи нашата работа. Кипров заминува во Цариград и од љубопитство оди со Нанчо да го види тунелот. И Кипров исшифрирано го опишал тунелот во еден рапорт до ЦК во Солун. Дотогаш ЦК не знаел ништо за нашата работа. Токму кога Матов го зел писмото од австриската пошта и си го ставил во архивата, доаѓа до Солунската афера, го апсат Матов, се доберуваат до архивата, се разоткрива шифрата, се прочитува писмото, и веднаш писмово го испраќаат до Илдизот. Без да јави на полицијата, султанот веднаш заповедал да се запечати магазата. Следуваат многубројни апсења. Нончо и татко му Калчо Стојанов (тие се од Ресенско) ги затвораат, ги осудуваат на 101 година, и ги испратиле на заточение во Синап. Нончо го пуштија сега по 11 јули, а татко му умре таму. Со телеграма од Софија разбрав дека работата е разоткриена. Телеграмата беше од Ордана поп Орданов, и гласеше: „Васковата невеста умрела” (Васил Стојанов). Јас разбрав што ми порачува, и по врски од организацијата избегав во Ќустендил.
За работиве со цариградската и солунската банка може да се потрошени околу 800 лири, – според моите пресметки.
Соколов и Мерџанов навлегоа со чета во Одринско, со намера да го минираат ориент-експресот, но потем се откажале од тој план.
(Продолжува)