Силни експлозии одекнаа денеска во два големи града во Сомалија. Бомбаш самоубиец активираше бомба во пристаниште на главниот град Могадишу, а противтенковска мина била активирана во еден ресторан во предградие на Баидабо, при што загинале четири лица.
Локален висок претставник изјавил дека противтенковската мина била активирана со далечински управувач во текот на утринските часови, кога ресторанот бил полн со гости.
Шефот на полицијата во Могадишу, Ахмед Али нагласи дека бомбаш самоубиец ја активирал експлозивната направа во момент кога со автомобил минувал низ влезот на пристаништето. Во нападот биле повредени пет полицајци.
Засега никој не преземал одговорност за нападите, но неофицијално се обвинува групата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда.