Најмалку четири лица загинаа, а деветмина се повредени во експлозија на автомобил бомба во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Локалната полиција соопшти дека одговорноста за нападот ја презела џихадистичката организација Ал Шабаб.

Автомобилот, полн со експлозив, експлодирал во близина на ресторан, кој пак се наоѓал до безбедносен пункт и не многу далеку од претседателскиот дворец, прецизира полицијата.