Десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД), сака да го ограничи мандатот на канцеларот, кој би траел најмногу два мандата.

Долниот дом на германскиот Парламент – Бундестагот се очекува да го разгледа предлогот на најголемата опозициска партија на 14 март.

Според предложениот амандман, канцеларот ќе може да биде реизбран само еднаш.

Исклучоци ќе се дозволат само доколку канцеларот стапи на функција во средина на мандатот на Парламентот и во случај да му се изгласа недоверба на неговиот претходник.

Канцеларката Ангела Меркел, која сега е на четвртиот четиригодишен мандат, ја предводи германската Влада од 22 ноември 2005 година.