Штабот на Доналд Трамп и тој самиот, најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин. Таму Бајден води со 0,6 проценти од гласовите 49,4 – 48,8 отсто, односно со 1 630 431 гласови наспроти 1 609 898.
Според изборните правила во САД, пребрјување може да се бара ако разликата во гласови е помала од 1 отсто.
Истовремено, демантирана е информацијата која се прошири по социјалните мрежи во САД, а оттаму и кај нас, дека во Висконсин има 3,1 милиои регстрирани галсачи, а гласале над 3,2 милиони. Бројката од 3,1 милиони регистритани гласачи е од 2018 година, а на 1 ноември оваа година Висконсин имал регистрирано над 3,6 милиони гласачи.
Интересно е меѓутоа што гласале дури 87 отсто од гласачите што секако е овозможено поради гласањето по пошта.
И покрај ова, штабот на Трамп најави пребројување бидејќи регистрирала многу неправилности при пребројувањето што му довело предност на Бајден.
Висконсин носи 10 електорски гласови и може да биде клучен во тоа кој од двајцата кандидати ќе го освои тронот..