Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западните и јужните делови, каде кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната температура од 11 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 17 степени.
Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.