СОНК му даде уште една недела рок на Министерството за образование за да донесе одлука за следното зголемување на платите на просветните работници. Од СОНК велат дека ако нема одлука ќе следи генерален штрајк. Двете страни до денеска требаше да се договорат, но министерот Адеми побарал уште 7 дена за да донесат одлука.
Неделков вели дека членството на Синдикатот веќе врши притисок преговорите да завршат што е можно поскоро. Побара од просветарите да бидат трпеливи уште една недела. Министерството до денеска требаше да даде конкретен предлог како и кога ќе се зголемат платите, но министерот Адеми тврди дека немало конкретен рок за давање на овој предлог.
Просветните работници одржаа предупредувачки протест на 2 септември и му даде рок на МОН до крајот на месецов да донесе одлука за зголемување на платите.