Штрајкот во училиштата е ставен во мирување, пред малку соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Истакна дека ваквата одлука на Советот на синдикатот доаѓа по добиено известување од Министерството за образование и наука со кое отпочнува постапка за помирување.
Неделков кажа дека ова е само почитување на законот а ако не се изнајде решение за брзо време, штрајкот ќе продолжи.
Пред само неколку дена, членството се изјасни за продолжување на штрајкот до исполнување на барањата за усогласување на платите, па ова одлука на Советот е изненадување.