На територијата на Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, информираа денеска од МВР.

Како што стои во соопштението, 19 се прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 17 за возење под дејство на алкохол и 13 за возење без возачка дозвола.

– Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, пет за непочитување на првенство на минување, 66 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

МВР: Казнети 275 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи.

Како што соопштија денеска од МВР, од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.