На магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце вчера се случила сообраќајна несреќа меѓу две патнички и едно товарно возило, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, станува збор за патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје, патничко  возило „сеат алхамбра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(40) од Скопје и товарно возило влекач „волво“, со косовски национални ознаки, со полуприколка, управувано од С.Е.(49) од селото Страчинци, скопско.

Во несреќата И.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.