Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе. Поради ударот мечка е усмртена.
-Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.