Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што се случи ноќеска околу 00:30 часот во Куманово, на булеварот „Октомвриска револуција“.
Според МВР, до незгодата дошло откако се судриле патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(24) од Куманово и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од Куманово.
По незгодата, лицата од патничкото возило „ауди“ се пренесени во Општата болница Куманово, каде на сопатникот Б.П. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.