Во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово животот го загуби 21-годишен кумановец, а негов врсник е повреден и префрлен на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што информирше денеска МВР, несреќата во полицијата била пријавена во 06:30 часот.
– Патничко моторно возило „Сеат Леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб. Во возилото биле Д.В. (21) и М.С. (21), двајцата од Куманово, кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. била констатирана смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се наведува во соопштението на МВР.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од кумановската полиција.