Пешак доцна вечерва е прегазен на булеварот Видое Смилевски Бато во скопската населба Ново Лисиче.
Телото на настраданото машко лице од Скопје во моментов е покриено со бела прекривка, булеварот е затворен за сообраќај, а полицијата во моментов врши увид на случајот.
Идентитетот на лицето официјално не е познат, но очевидци тврдат тека е повозрасен маж од Лисиче. Нема детали како се случила сообраќајката, а на местото на настанот нема автомобил.
Повеќе информации ќе имаме подоцна.