СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Еден загинат и десетина повредени во судир на автобус и комбе кај Мамутчево

/ 31.07.2019

Загинал возачот на комбе кое вечерва директно се судрило со автобус кај клучката за Ново Село на регионалниот пат Велес – Штип.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 15 патници и се движел во правец кон Штип. Неофицијално автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.

Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесуваат на хируршкото одделение на велешката болница, а помага и противпожарната единица.

Полицијата врши увид и засега не соопштува детали за несреќата која се случила околу 20:20 часот. Информации засега нема ни од дежурните лекари во Општата болница Велес.


Од истата категорија