Четириесетгодишниот Г.Б. од селото Мешеишта во Општина Дебрца е жртвата во сообраќајната несреќа, што синоќа околу 19 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Горенци.
Во несреќата учествувале патничко возило „цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 21-годишно лице од кичевското село Црвевци, и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б. кој подлегнал на повредите на местото на несреќата.
Смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош, додека увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР – Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција