Едно 25-годишно лице е тешко повредено во сообраќајката што се случила доцна ноќеска во која се судриле автомобил и камион. Несреќата се случила на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.

– На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од  Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Од ЈП Македонија пат и АМСМ информираа дека сообраќајот на овој патен правец се пренасочува поради сообраќајната незгода.

Видеото од сообраќајката на која се гледа како горат возилата може да го отворите ТУКА.