Од денеска до недела српското МВР ќе врши зголемена сообраќајна контрола насочена кон возачите на камиони и на автобуси.

Како што е најавено, сообраќајната полиција пред се ќе контролира почитување на прописите за должина на возење, паузите на возачот и техничката состојба на возилото, како и други прекршоци што можат да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

Посебен фокус ќе биде на патиштата со најинтензивен сообраќај на камиони и автобуси.

Акцијата нема да се спроведува само во Србија. Контролите ќе бидат организирани истовремено во 34 европски земји-членки на организацијата ROADPOL, како дел од заедничката кампања за безбедност во сообраќајот.