Соосновачка на јужнокорејска популарна порнографска страница осудена е на четири години затвор поради дитрибуција на порнографски материјали, објави Гардијан.
Суд во Сеул осуди жена, познато и е само презимето Сонг, и ја прогласи за виновна за „помагање и поттикнување“ во ширење порно фотографии на Соранет, страница која наводно ја покрената со својот сопруг и уште еден пар во 1999 година.
Нејзината веб страница во еден момент имала повеќе од милион корисници, и на која можело да се најдат десетици илјади фотографии како и видео записи на жени кои некој без нивна согласност ги снимале во тоалети или на други јавни места, Затворена е во 2016 година поради обвинувања од организации за права на жени.
– Освен што промовирале порнографска содржина, сопствениците прекршиле права на деца и млади лица како и други луѓе. Тешко може да се процени колкава штета на нашето општество нанело постоење на таква страница, заклучи судот во образложение. Иако во Јужна Кореја е незаконски да се дистрибуира порнографска содржина, видео снимки со сексуални односи често се споделуваат на интернет преку сервери што се надвор од државата.