Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави дека нејзиниот мандат за постигнување трговски договор со САД е „речиси завршен“и тоа би отворило пат за службени преговори.

Малмстром и американскиот претставник за трговија Роберт Лајтизер вклучени се во работна група од летото 2018 година за дефинирање рамки за евентуални трговски преговори по начелен договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

– Разработуваме последни детали од овој преговарачки мандат кој мора да им биде доставен на државите членки, изјави Малмстром.

– Сметам дека тоа би одело многу брзо иако не може да се каже колку време ќе му треба на Советот да донее одлука, додаде таа. Доколку бидат европските автомобили погодени од американски царински тарифи, на европскиот список ќе се најдат голем број американски производи.